Преносно значење - категорија

гад повеќе

мн. гадови
Вид збор: Именка, машки род
Никаквец, подлец, лош, зол, одвратен човек.
Англиски: scum Албански: egërsirë

гази повеќе

газат преод
Вид збор: Глагол, несвршен
угнетува, поробува, потчинува, понижува
Англиски: suppress Албански: shtyp, shkel

галерија повеќе

мн. галерии
Вид збор: Именка, женски род
Низа од ликови или од типови ликови во некое книжевно дело, книжевен опус или во животот.
Англиски: gallery Албански: galeri

галоп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Прави нешто, се движи многу брзо.
Англиски: gallop Албански: rrëfen

галопира повеќе

галопираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто, се движи многу брзо.
Англиски: gallop Албански: galopoj, ngutem

ганѕлив повеќе

ганѕливиот
Вид збор: Придавка
Што е пипав, бавен.

гарда повеќе

мн. гарди
Вид збор: Именка, женски род
Група, друштво, обично во изразот „Стара гарда“.
Англиски: Old Guard Албански: gardë e vjetër

гарнира повеќе

гарнираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дополнува, украсува нешто.
Англиски: decorate Германски: garnieren Албански: dekoroj

гарнитура повеќе

мн. гарнитури
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе на позиција.
Албански: garniturë

гаси повеќе

гасат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да престане да гори или да свети.
Англиски: extinguish Албански: shuaj

гасне повеќе

гаснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Слабее, се губи некакво чувство (радост, среќа).
Англиски: faint Албански: lishtohem
Слабее, се губи некаков звук.
Англиски: faint Албански: lishtohem

гаќарест повеќе

гаќарестиот
Вид збор: Придавка
Што е лесно облечен.

гига повеќе

Вид збор: Префикс
огромен, многу силен
Англиски: giga

гигант повеќе

мн. гиганти
Вид збор: Именка, машки род
Човек со вонредни способности.
Англиски: genius Албански: gjeni
Што е голем по своите размери (претпријатие, фабрика, брод).
Англиски: giant Албански: gjigant

гилотина повеќе

мн. гилотини
Вид збор: Именка, женски род
кастрење, сечење
Англиски: guillotine Француски: guillotine Албански: gijotin

глава повеќе

мн. глави
Вид збор: Именка, женски род
животот на човекот
Англиски: head Албански: jetë

главоболка повеќе

мн. главоболки
Вид збор: Именка, женски род
грижа, тешкотија, проблем
Англиски: headache Албански: kokëdhimbje

глад повеќе

(едн.) гладот
Вид збор: Именка, машки род
Голема потреба од нешто.
Англиски: need Албански: uri, nevojë

гладен повеќе

гладни
Вид збор: Придавка
Што чувствува голема потреба од нешто.
Англиски: hungry

гладник повеќе

мн. гладници
Вид збор: Именка, машки род
лакомец, ненаситник
Англиски: greedy person Албански: i pangijshëm

глазура повеќе

мн. глазури
Вид збор: Именка, женски род
Маска на лицето или во однесувањето, извештачен изглед.
Англиски: make-up Албански: shkëlqim, maskë

гламноса повеќе

гламносаат
Вид збор: Глагол, свршен
Потемне во лицето.
Англиски: darken Албански: errësoj fytyrën

гламносан повеќе

Види и: гламноса (св.)
гламносаниот
Вид збор: Придавка
потемнет, поцрнет
Англиски: blackened Албански: i nxirë

глода повеќе

глодаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вознемирува, измачува некакво чувство или мисла.
Англиски: pester Албански: merakos
(се глода) се караат, се измачуваат
Англиски: quarrel Албански: grinden

глув повеќе

глуви
Вид збор: Придавка
Што е рамнодушен, бесчувствителен.
Англиски: insensible

глума повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
преправање, лицемерство
Англиски: acting Албански: aktrim, hipokrizi

глутница повеќе

мн. глутници
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе што напаѓаат некого.
Англиски: mob Албански: turmë

гмечи повеќе

гмечат
Вид збор: Глагол, несвршен
угнетува, поробува, мачи
Англиски: suppress Албански: shtyp, ndrydh

гнаса повеќе

мн. гнаси
Вид збор: Именка, женски род
Гнасен, одвратен, гаден човек.
Англиски: pig Албански: egërsirë

гнасота повеќе

мн. гнасоти
Вид збор: Именка, женски род
подлост
Англиски: meanness Албански: poshtërsi

гнасотилак повеќе

мн. гнасотилаци
Вид збор: Именка, машки род
одвратно, гадно
Англиски: disgust Албански: neveri, ndyrësi

гнездо повеќе

мн. гнезда
Вид збор: Именка, среден род
Место, средиште на некаква дејност.
Англиски: nest Албански: fole

гние повеќе

гнијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пропаѓа морално и физички.
Англиски: decay Албански: shkatërrohem

гнил повеќе

гнили
Вид збор: Придавка
Што е расипан, лош, пропаднат.
Англиски: rotten

гои повеќе

гојат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек што само јаде, а ништо не работи.
Англиски: fatten Албански: majm

гол повеќе

голи
Вид збор: Придавка
Што е недополнет, чист, без примеси.
Англиски: bare Албански: bosh
Што е многу сиромашен.
Англиски: poor Албански: i varfër

голгота повеќе

мн. голготи
Вид збор: Именка, женски род
Тежок, мачен пат, исполнет со многу страдања.
Англиски: Golgatha
Примери:
Овој народ помина низ страшни голготи.

голем повеќе

големи
Вид збор: Придавка
Што е значаен, познат.
Англиски: famous Албански: i famshëm
Што е важен, значаен, историски.
Англиски: important Албански: i rëndësishëm

големина повеќе

мн. големини
Вид збор: Именка, женски род
значајност, важност
Англиски: importance, greatness Албански: madhësi, domethënie

голиштарец повеќе

мн. голиштарци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е млад, неискусен, незрел.
Англиски: immature person Албански: i njomë

голта повеќе

голтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде алчно, без доволно џвакање на храната.
Англиски: gulp Албански: gëltis
Слуша или гледа со големо внимание или со задоволство.
Англиски: suck Албански: vëren
Трпи, поднесува, страда во себе.
Англиски: suffer Албански: vuaj
Испушта букви или гласови во пишувањето или во зборувањето.
Англиски: swallow Албански: gëlltit

гони повеќе

гонат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прогонува некоја мисла, чувство.
Албански: përndjek

горе повеќе

Вид збор: Прилог
На повисоко место во општествената или во службената хиерархија.
Англиски: above
Во текст - претходно.
Англиски: before

горен повеќе

горни
Вид збор: Придавка
Што е на висока општествена или службена позиција.
Англиски: higher Албански: lartë

горешт повеќе

горештиот
Вид збор: Придавка
Што е страстен, огнен.
Англиски: passionate

горешти повеќе

(се) горештат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се возбудува, се жешти.
Англиски: get excited

гори повеќе

горат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обземен од љубов, страст, омраза; има желба.
Англиски: yearn Албански: digjem
Има висока телесна температура.
Англиски: burn Албански: digjet

Горниот повеќе

Види и: горен (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Господ
Англиски: Lord God

горок повеќе

Види и: горчлив (прид.)
горкиот
Вид збор: Придавка
Што е исполнет со горчина.
Англиски: bitter

горолом повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Силен планински ветер.
Англиски: storm Албански: erë e fortë mali

горчило повеќе

мн. горчила
Вид збор: Именка, среден род
Животни страдања, проблеми, непријатности.
Англиски: bitterness Албански: idhëti, zemrim

горчина повеќе

мн. горчини
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на навреда, огорченост, мака.
Англиски: bitterness Албански: idhëti, zemrim

горчлив повеќе

горчливи
Вид збор: Придавка
Што е непријатен, мачен.
Англиски: bitter Албански: i hidhur

гравитира повеќе

гравитираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се стреми кон нешто, насочен е кон нешто.
Англиски: gravitate Албански: graviton

гравушка повеќе

мн. гравушки
Вид збор: Именка, женски род
Капка пот.
Англиски: bead of sweat Албански: pikë djerse

градба повеќе

мн. градби
Вид збор: Именка, женски род
Конституција на тело.
Англиски: constitution Албански: ndërtim, konstitucion
структура, строеж, состав
Англиски: structure Албански: ndërtim, strukturë

гради повеќе

градат
Вид збор: Глагол, несвршен
прави, создава
Англиски: create Албански: krijon

гради повеќе

градите
Вид збор: Именка, множина
внатрешност, интима, душа
Англиски: soul Албански: shpirt

граѓа повеќе

мн. граѓи
Вид збор: Именка, женски род
Документи и друг материјал што служи како основа за научни истражувања.
Англиски: building material Албански: material ndërtimi

грака повеќе

гракаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гласно зборува, вика.
Латински: bërtas, kërras Англиски: yell

грамада повеќе

мн. грамади
Вид збор: Именка, женски род
Мноштво, големо количество.
Англиски: plenty Албански: grumbull

гранитен повеќе

гранитни
Вид збор: Придавка
Што е цврст, силен.
Англиски: strong

граница повеќе

мн. граници
Вид збор: Именка, женски род
Замислена линија што разделува појави, поими и сл.
Англиски: border Албански: kufi
Крајна точка до која може, смее да се стигне, да се дозволи нешто.
Англиски: limit Албански: kufi

граничи повеќе

(се) граничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Допира до нешто, доведува до нешто.
Англиски: border Албански: kufizon

гранка повеќе

мн. гранки
Вид збор: Именка, женски род
оддел, дел, раздел, област
Англиски: part Албански: degë, pjesë

гргор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
кикот, смеење
Англиски: chuckle Албански: qeshje e zëshme

гребе повеќе

гребат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се гребе) Искористува некого; живее на нечиј грб.
Англиски: sponge Албански: gërvishet

грев повеќе

мн. гревови
Вид збор: Именка, машки род
Неправилна, лоша постапка; прекршување на моралните норми.
Англиски: sin Албански: mëkat, gjynah

грее повеќе

греат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува радост, милост, љубов.
Англиски: warm Албански: ngroh

грешка повеќе

мн. грешки
Вид збор: Именка, женски род
Недостаток, непотполност, човечка слабост, мана
Англиски: weakness

гризе повеќе

гризат
Вид збор: Глагол, несвршен
измачува, јаде
Англиски: torment Албански: torturon

грло повеќе

мн. грла
Вид збор: Именка, среден род
глас
Англиски: voice Албански: fyt, mirret zëri
Тесен горен дел од шише.
Англиски: bottleneck Албански: grykë

грмеж повеќе

мн. грмежи
Вид збор: Именка, машки род
Силен звук на топови и друго оружје.
Англиски: thunder Албански: gjëmim, bubullimë

грми повеќе

грмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Создава силен звук на топови и друго оружје.
Англиски: thunder Албански: gjëmon
Создава силен звук, глас и сл.
Англиски: thunder Албански: gjëmon

грозд повеќе

мн. гроздови
Вид збор: Именка, машки род
Разни предмети, организми и сл. собрани во една целина, во вид на грозд.
Англиски: cluster Албански: kalavesh, tog

грст повеќе

мн. грсти
Вид збор: Именка, машки род
Мерка, количество на нешто колку што можат да соберат две составени дланки.
Англиски: handful Албански: grusht

груб повеќе

груби
Вид збор: Придавка
Што е приближен, општ.
Англиски: rough Албански: i përafërt
Што е тежок, недопустлив.
Англиски: inadmissible Албански: i rëndë, i papranueshëm
Што е тежок, суров.
Англиски: raw Албански: i ashpër, i rëndë

грува повеќе

груваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу работи, се мачи.
Англиски: toil Албански: mundohem, punoj shumë

грч повеќе

мн. грчеви
Вид збор: Именка, машки род
Болка, тага, страв, исчекување.
Англиски: spasm Албански: ngërç, pritje

грчовит повеќе

грчовитиот
Вид збор: Придавка
Што е силен, тежок, напорен.
Англиски: spasmodic

губи повеќе

губат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се губи) Станува несвесен, неразумен, отсутен, се занесува.
Англиски: vanish Албански: humb, zhduket

гувее повеќе

гувеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стои посрамено пред некого.
Англиски: keep silent Албански: qëndroj i turpëruar

гугне повеќе

гугнат
Вид збор: Глагол, свршен
(обично негирано) прозбори, зборне
Англиски: talk Албански: flas

гуска повеќе

мн. гуски
Вид збор: Именка, женски род
глупава жена
Англиски: goose Албански: patë
Сад за вршење физиолошки потреби на болните.
Англиски: urine bottle Албански: patë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш